За Мак Базен
Почетоците на компанијата датираат уште од 1972 година, кога за првпат во Франција е основана компанијата Ла Унион Пишинес. Од тогаш мрежата постојано се шири, а во 1981 година е создадена У.П.И - Унион Пишинес во престолнината на индустријата, Италија. Во 2007 година компанијата продолжува да ги доближува своите производи до клиентите и во другите делови од Европа, отворајќи своја фабрика најпрво во Македонија - Мак Базен, внесувајќи во своите базени комплетно нов дизајн, сосема различен од вообичаениот. До денес има изградено повеќе од 20.000 базени во Централна и Источна Европа и повеќе од 300.000 како европска групација, со повеќе од 700 продажни места. Мак Базен нуди широк спектар на полиестерни базени, 9 модели во кружна, овална и четириаголна форма, со изглед кој ќе ги задоволи сите ваши потреби и желби.



Благодарение на карактеристичната самостојна структура на полиестерните базени, не се потребни ѕидарски активности за време на монтирањето. Која и да е позицијата и конфигурацијата на теренот, монтирањето на Унион базените е секогаш брзо и едноставно.
Ако имате мал агол во градината или дури и на терасата, сега не можете да кажете не! Денес кога секојдневно сме под стрес, без непријатноста од долги патувања и преполни плажи, вашиот базен ќе стане место за средби со пријателите во текот на летниот период, место за комплетно физичко и ментално опуштање.
МОДЕЛИ НА ПОЛИЕСТЕРНИ БАЗЕНИ

TORINO
Должина: 4,60м
Ширина: 2,60м
Длабочина: 1,15м

ALFA
Должина: 6,40м
Ширина: 2,70м
Длабочина: 1,50м

LISBONA
Должина: 6,60м
Ширина: 3,27м
Длабочина: 1,25м

ROMA
Должина: 7,50м
Ширина: 3,70м
Длабочина: 1,09-1,67м

PARIGI
Должина: 8,70м
Ширина: 4,00м
Длабочина: 1,04-1,77м

LONDRA
Должина: 6,50м
Ширина: 3,40м
Длабочина: 1,00-1,60м

ROMEN
Должина: 9,30м
Ширина: 3,70м
Длабочина: 1,60м

BRUXELLES
Должина: 10,00м
Ширина: 4,00м
Длабочина: 1,00-2,00м
Сите базени се со комплетна опрема: филтери, пумпи, фитинзи, светла и скимери. Со секој купен базен добивате 10 години гаранција на опремата од полиестер и 2 години гаранција на пумпи и филтри.
Гаранцијата исклучува оштетувања предизвикани од погрешно одржување и оштетувања од страна на трети лица. Овластен сервисер е фирмата Мак Базен ДООЕЛ.










